Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО – ДПМНЕ го обвинува Меџити дека поставил партиски кадар да раководи со кумановската болница

/

пред 1080 дена

Сподели преку :

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Бране петрушевски за Фесбук обвини дека министерот за здравство Фатмр Меџити ја разрешул директорка на Општа Болница Куманово, Биљана Ивановска, за да постави партиски кадар на таа позиција. Според решението потпишано од Меџити на 13-ти овој месец, за ве де директор е поставен Фати Џемаили.
„Причината е внатре-коалициските несогласувања помеѓу владините партнери, поконкретно, доцнењето на Спасовски со поставување на началници по СВР-ата во западна Македонија од редовите на Алијанса за Албанците, согласно нивниот коалициски договор“, пишува Петрушевски.
Според него, сега пациентите во Куманово остануваат без уролог.

Министерот Фатмир Меџити, кој вчера ја посети болницата во Куманово, како што пренесува Кумановски муабети, смета дека за тоа требале да мислат предходните министри и менаџери.

„За тоа требало да размислуваат господата моите предходници, но и предходните менаџери на Општа болница Куманово. Знаеме дека тука имаше многу проблеми и предходно, јас веќе нема да го дозволам тоа.  Тоа за што треба да ме држите за збор е дека ќе напредуваат работите во Кумановската болница, како никогаш досега. И затоа отсега натаму нема да дозволам никакви злоупотреби, луѓе кои не менаџираат добро, да седат и да спијат.  Ако сакаме здраво, здравство за сите наши пациенти вака ќе работиме“, вели  Меџити.