ВМРО-ДПМНЕ упати повик до СДСМ заедно да постигнат договор за Македонија. Се работи за Стратегија за развој во наредните 25 години.
Опозициската партија ги смета ваквите повици за празни политички пораки. Потсетува дека во Собранието веќе има Стратегија за периодот 24-44 и дека во нејзината подготовка учествувале над 250 претставници од национални институции, 50 пратеници од власта и од опозицијата, градоначалници, деловни и граѓански организации и други, што ја прави „уникатен пример на наднационална соработка“.











