Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ не сака да дебатира во Собранието за францускиот предлог врз основа на лист хартија – бара да се достави и протоколот

/

пред 1564 дена

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на координацијата во Собранието, на која треба да се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија предложена од Франција, со цел да го повторат барањето, информацијата од владата да се врати назад како нецелосен матетијал.

“Листот хартија е крајно непочитување на пратениците. Не може со еден лист хартија да се разговара за најважното прашање за државата во моментов. Да се достави и протоколот под итно. Собранието мора да ги чуе реакциите и на граѓаните, експертите и невладиниот сектор. Ако се изиграат процедурите, одговорноста ќе биде на Џафери. Во изминатиот период материјали беа враќани и за точка и запирка, сега се бара дебата врз лист хартија. Да се даде шанса на работната група да ги разгледа сите документи”,изјави координаторот Никола Мицевски.