По најавата дека Тетово, Гостивар, Желино и Чаир ќе финансираат невладина организација наречена Албанска академија на науки и уметности, се чини дека нема да биде толку лесно да се одврзе општинското ќесе.Советниците од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ нема да дадат поддршка за овој проект.
Премиерот изјави дека не сака теми што етнизираат и не очекува овој негов став да се одрази на односите во коалицијата.
Поддршка нема да дадат ниту советниците од СДСМ, од каде најавија и дека ќе се спротистават со сите расположливи механизми, парите на граѓаните да не се користат за овој проект. И тие сметаат дека науката не треба да се партизира, етнизира и злоупотребува во дневно – политички цели.
Со идејата не се согласуваат ниту од ДУИ.
Од „Вреди„ , пак, апелираа до сите партии, наместо да критикуваат, да дадат поддршка за оваа иницијатива и да се најде правично решение за претставувањето на Албанците во највисоките академски кругови.
Од здружението што има амбиција да прерасне во академија и досега барале пари од сите партии, но само од оваа коалиција ги примиле на разговор. Имале доставено и елаборат од 120 страници до Владата, но не добиле одговор. Регистрирани се како здружение затоа што тоа било услов да се регистрираат, но тврдат дека функционираат како академија.
Далиборка Демјански











