МВР ќе проверува во своите редови кои побарале и спровел религиозно осветување на возилата скоро набавени за потребите на полицијата. Предметот е отворен во рамки на внатрешната коонтрола.
„Во однос на објавените фотографии за кои прашувате, Министерството за внатрешни работи ве известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема соодветни мерки и активности за целосно утврдување на околностите, по што јавноста ќе биде соодветно информирана“.
Фотографиите, кои во изминатите денови се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа бурни реакции во јавноста.
На нив се забележува свештеник како врши верски обред и осветување на службени возила во дворот на МВР, при што се присутни и полициски службеници.
На социјланите мрежи циркулираат реакции од граѓани дека со овој гест се отвора прашањето за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на секуларните државни институции, како и за потребата од јасни правила и одговорност во јавниот простор.
Слични реакции во јавноста имаше и пред една година, кога беше извршен верски обред во Собранието.
Од МВР најавуваат дека по завршување на постапката за утврдување на фактите, јавноста ќе биде дополнително информирана.











