Во 37 сојузни држави на САД започна предвременото гласање за претседателските избори, при што до синоќа речиси пет милиони гласачи веќе ја искористиле можноста да гласаат, по пошта или лично.
Во наредните пет дена, предвременото гласање ќе започне и во три од седумте клучни држави: Џорџија, Невада и Северна Каролина.
Оваа практика стана вообичаена по изборите во 2020 година, кога многу гласачи, поради пандемијата на Ковид-19, избегнаа преполни избирачки места, а повеќето држави ја задржаа опцијата за предвремено гласање.
Статистиката покажува дека предвременото гласање го користат во многу поголема мера поддржувачите на демократите, бидејќи Доналд Трамп во минатото ја доведе во прашање безбедноста на процесот.
Сега, и републиканците се обидуваат да ги мотивираат своите поддржувачи да ја искористат оваа опција.











