Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во 8 часот почна, до пладне ја достигна целта – Пендаровски со 10.000 потписи за нецели пет часа

/

пред 959 дена

Сподели преку :

Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 8 часот, на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10.000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Во соопштението се посочува дека продолжува собирањето потписи и во наредните часови и денови.