Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење

/

пред 114 дена

Сподели преку :

291 одобрение за градење, издадени се во април што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одбренија за градење, 83,  издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             4. 577. 429. 000 денари, за 41.8  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (71.5 проценти) наменети се за објекти од високоградба, 27 (9.3 проценти) од нискоградба и 56 (19.2 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 291 објект, на  197 (67.7 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 (32.3 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 722 станови со вкупна корисна површина од  65 663 метри квадратни. Во Скопскиот регион 261, во Југозападниот 154, Вардарски Регион, 138, Полошки Регион, 107, Источен Регион, 39, Пелагониски.