Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Бангкок затворени приближно 200 училишта поради загадениот воздух

/

пред 635 дена

Сподели преку :

Поради загадување на воздухот денеска во главниот град на Тајланд, Бангкок затворени се околу 200 училишта, а властите ги повикаа луѓето да работат од дома и ги ограничија тешките возила во градот.

Бангкок утрово е шести најзагаден град во светот, според „АјКјуЕр“ (to IQAir).

Нивото на PM2,5 загадувачи, микрочестички кои предизвикуваат рак, доволно мали за да влезат во крвотокот преку белите дробови, достигна 122 микрограми на кубен метар.

Претходно тајландските властите дозволија работа од дома со цел да се намали загадувањето.