Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во дел од пријавите на Росица Коцева не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите, дисциплинска за 11 вработени – внатрешна контрола во СВР Велес

/

пред 387 дена

Сподели преку :

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес по сите настани кои биле пријавени од жртвата Росица Коцева. Во најголем дел од случаите, полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка.

Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните пријави на жртвата не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите, информира МВР.

Врз основа на извршените проверки е поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност.