Во Делчево градот, кој е на десетина минути од вратата на ЕУ преку соседна Бугарија денеска се одбележуваше Денот на македонската полиција. Пред граѓаните, владините и собраниски делегации, но и полицискиот врв првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски порача дека живееме во време коешто бара полициските службеници да бидат вистински и доследни чувари на законитоста, редот и поредокот. Специјалниот гостин претседателот на Собранието Талат Џафери го пофали за кооперативноста и заложба да се донесат клучни закони, кои значеа реформи на полицијата, како и формирања на ОТА и АНБ.
Првиот спикер на Собранието ги пофали полициските службеници, нивната професионалност, храброст, но и порача да бидат вистински сервис на граѓаните.
Жителите на Пијанечко-Малешевскиот регион денеска можеа да ги видат полицсиксите хеликтори, возилата и опремата со која располага македонската полиција.
Викторија Јованова











