Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во експлозија во фабрика во Крушевац загина еден вработен, четворица се хоспитализирани

/

пред 1013 дена

Сподели преку :

Едно лице загина во експлозија во фабриката за пиротехника „Трејал“ во српскиот град Крушевац, а четворица се повредени. Повредените биле пренесени во локалната болница каде им била укажана лекарска помош. А една вбработена со тешки повреди од експлозијата, е пренесена во централната воена болница во Белград.

Од експлозијата настанал пожар кој бил изгаснат од пожарникарите на фабриката.

Корпорацијата Трејал произведува гуми, заштитни направи и индустриски експлозиви.

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевич изрази сочувство до семејството на работникот кој загина како последица на инцидентот и додаде дека во работа со експлозиви да се случат несреќи.

Крушевачката полиција со соопштение ја потврди смртта и повредените и додаде дека се работи на расчистување на инцидентот.