Цистерна со околу 36.000 литри бензин се запалил синоќа додека се движел по автопат во источна Германија, соопшти рано утрото локалната противпожарна служба.
Според екипите за итна помош, возачот не бил повреден, а пламенот бил изгаснат пред да го зафатат резервоарот во кој се наоѓал бензинот.
Се уште не е јасно што го предизвикало пожарот, кој започнал недалеку од клучка на автопат.
Цистерната застанала под мост на автопат, кој исто така бил оштетен од пламените јазици.
Автопатот кој минуваше преку мостот беше затворен неколку часа, но повторно беше отворен за сообраќај .











