Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во израелски напади во Појасот Газа загинаа десет лица, меѓу кои и три деца

/

пред 525 дена

Сподели преку :

Во израелските напади во текот на ноќта и денеска загинаа десет лица во Појасот Газа, главно жени и деца, соопштија локалните здравствени власти.

Во два напади се погодени шатори во јужниот град Кан Јунис, при што загинаа две деца и нивните родители. Во третиот напад, уште едно дете загина, а седум лица се ранети.

Од израелска страна веднаш немаше коментар за најновите напади.

Израелската армија соопшти дека цел и се само милитантите и дека се обидува да ги избегне цивилите. За загинувањето на цивилите го обвинува Хамас, бидејќи милитантите се сместени во густо населени области.