Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Јапонија експлодира бомба од Втората Светска војна

/

пред 748 дена

Сподели преку :

На аеродром во Јапонија вчера пронајдена неексплодирана американска бомба од Втората светска војна. Откажани биле повеќе од 80 летови, соопштија надлежните.

По нејзиното откривање настанала силна детонација од која бил отворен кратер со дијаметар од 7 метри и длабочина од еден метар. Во експлозијата нема повредени лица. Официјалните власти се уште ја утврдуваат причината што ја активирало бомбата.

Од аеродромот соопштија дека штетата сега е санирана и вратени се редовните авионски линии. Аеродромот Мијазаки е изграден во 1943 година како поранешен терен за обука за летање на Империјалната јапонска морнарица од каде некои пилоти летале во мисии за самоубиствени напади.

Голем број неексплодирани бомби фрлени од американската војска за време на Втората светска војна се откопани во оваа областа, додека стотици тони неексплодирани бомби од војната остануваат закопани низ Јапонија што често пати се откриваат при изведување градежни активности.