Во Кочани денеска ќе се одржи 20-ти „Марш за ангелите“ на семејствата на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Семејствата на починатите ќе маршираат по кочанските улици, по веќе утврдена рута, започнувајќи од Паркот на револуцијата, преку трговскиот центар, општинската зграда, полицијата, до Судот и Јавното обвинителство во Кочани.
Протестниот марш ќе започне во нов термин од 17:05 чaсот од Паркот на револуцијата во Кочани, време кое симболично ја претставува задоцнетата институционална реакција.
Семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, маршираат по кочанските улици секоја сабота, со цел да добјат одговори и правда за нивните починати деца.











