Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Лондон денеска почнува судењето на Грета Тунберг

/

пред 997 дена

Сподели преку :

Шведската климатска активистка, Грета Тунберг, денеска ќе се појави пред судот во Лондон под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, поради протестот пред зградата каде минатата година се одржа конференција за нафта и гас.

Британските медиуми пишуваат дека Тунберг, заедно со уште четири лица, беше уапсена во октомври пред хотелот во Лондон, каде што на енергетски форум присуствуваа  лидери од оваа индустрија.

Сите петмина обвинети се изјаснија за невини, а со нивното судење, кое се очекува да трае најмалку два дена, ќе претседава судија без порота.

Доколку бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со максимална казна од 2.500 фунти.

Други климатски активисти, меѓу кои и групата Гринпис, најавија дека ќе протестираат пред судот во знак на солидарност со обвинетите.