Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во Македонија не пристигнал таканаречен француски предлог, со кој евентуално би се решил спорот со Бугарија и би се одблокирале македонските евроинтеграции.
Тој ова го кажа на Преспа форумот, што втор ден се одржува во Охрид, а каде се собрани лидери од регионот и високи претставници на меѓународната заедница. Форумот го следи Тамара Грнчароска.











