Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Македонската амбасада во Брисел отворена книга на жалост за трагедијата во Кочани

/

пред 580 дена

Сподели преку :

Во Амбасадата на Република Северна Македонија во Белгија до петок ќе биде отворена книга на жалост за жртвите во трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во неделата.

„Во врска со трагичниот настан во Кочани во кој животот го загубија голем број, пред се, млади лица, известуваме дека во Амбасадата е отворена книга на жалост во која можете да изразите сочувство и да оставите своја порака, информира македонскиот амбасадор во Белгија“, Методија Тошевски.

Заинтересираните граѓани ќе можат да изразат сочувство во книгата секој ден од 10 до 12 и од 13:30 до 15:30 часот, освен в петок, кога книгата ќе биде отворена од 10:00 до 12:00 часот.