Парламентот во Молдавија денеска изгласа референдумот за влез во ЕУ да се одржи на 20 октомври, на ист ден како и претседателските избори.
Членството во ЕУ е една од клучните политики на претседателката Маја Санду ,која што Русија и корупцијата ги смета за најголема закана по суверенитет на Молдавија.
Поради војната во Украина и нејзината географска блискот на територијата на Молдавија редовно паѓаат проектили и гранати.
Предложената дата беше подржана од 56 пратеници од вкупно 101 пратеник.











