Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во нетранспарентни јавни набавки договорени во четири очи лани биле потрошени 46 милиони евра

/

пред 1486 дена

Сподели преку :

Сумата на тендери во 4 очи лани пораснала за 16 милиони евра со што од буџетот вкупно се одлеале 46 милиони евра во нетранспарентни јавни набавки без оглас.

Дури 80% од вредноста на склучените договори се на АД Електрани МВР и МОН.

Електрани се лидер со над 30 милиони евра за механизација за ископ на јаглен, покажува извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации спровел и анкета со фирмите кои учествуваат во постапките за јавни набавки и од нивниото искуство произлегува дека секоја фирма смета дека многу често или секогаш во јавните набавки има корупција а само 34 посто рекле дека има ретко корупција а 14 проценти сметаат дека нема корупција .

Договарањето на фирмите би се спречило доколку институциите го послушале бирото за јавни набавки кое уште лани испрати известување да не ја користат електронската аукција бидејки генерира злоупотреби и аномалии но во 90 посто од тендерите и понатаму се користи електронската аукција објаснува Факиќ.

Градот Скопје и 80 општини потрошиле за јавни набавки лани година дури 51 милион евра повеќе од 2020.

Најголеми скокови во вредноста на јавните набавки во однос на претходната година се забележани кај Градот Скопје од 15 милиони евра, кај Општина Центар од 5,5 милиони евра и кај Општината Гази Баба од околу 5 милиони евра, пишува во извештајот на ЦКГ.

Елена Ивановска – Мукоска