Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во обид сами да го средат дефектот предизвикале поголем и сега без струја се Оризаре, Ваксинце и Лојане

/

пред 1202 дена

Сподели преку :

Уште еден инцидент се случил во село Слупчане.  Лица од Слупчане насилно влегле во енергетски објект и оставија повеќе села без струја, велат за Телма од ЕВН.

Во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле енергетски објект во припадност на Електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици.

Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане, информираат од ЕВН.

Електродистрибуција и денес го потврдува истото. Мештаните на Слупчане ги напаѓаат нивните екипи на терен и не дозволуваат да се поправи дефектот.

“Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека се напаѓаат на терен и немаат услови за работа. Дефекти предизвикани од посериозни манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат.”

Кражбите на електрична енергија во ова село се 80%, а наплатата е само 20%.