Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во октомври во ЕУ се регистрирани 916.609 нови автомобили, за 5,8 отсто повеќе од минатата година

/

пред 315 дена

Сподели преку :

Во земјите од Европската Унија, во октомври се регистрирани 916.609 нови патнички автомобили, што е за 5,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, објави  Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).

Во три од четирите водечки европски земји е забележан раст на регистрациите на патнички автомобили на годишно ниво.

Шпанија регистрира раст од 15,9 проценти на годишно ниво, Германија за 7,8 проценти, Франција за 2,9 проценти, додека мало намалување од 0,5 проценти е забележано во Италија.