Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Општина Штип граѓаните бираат меѓу двајца кандидати за градоначалник и 11 советнички листи

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Мирно, достоинствено гласаат граѓаните во источна Македонија на осмите Локални избори. Избирачките места во третата Изборна единица беа отворени навреме, само во Штип на едно избирачко место поради технички проблеми, гласањето се одвива без користење на уреди за биометриска идентификација.

Најголема излезност во овој изборен ден од утринските часови има во Пробиштип, а во Штип за шест часа по отварањето на гласачките места гласале 10.000 граѓани.

Граѓаните достоинствено излегуваат и го користат своето право глас, бираат меѓу двајца кандидати за градоначалник и 11 советнички листи.

Во Брегалничкиот регион на Локалните избори 2025 во 11 те општини гласаат вкупно 149, 283 граѓани. Најмала општина е Зрновци, а најголема Штип.

Викторија  Димитрова Јованова

Дигитална обработка: Т.Д.