Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Засега нема место за автобуси за Скопје во планот на владата – Мицкоски вели „набавка сега не е решение“

/

пред 773 дена

Сподели преку :

Владата засега нема план да купи нови автобуси за Скопје од државниот буџет.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека проблемот што скопјани го имаат со јавниот градски превоз нема да се реши ако сега почне постапката за набавка на 250 нови автобуси, како што побара скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Ние стоиме на располагање да слушнеме план, да го поддржиме тој план, но ако е планот „гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина“, тоа нема да го реши проблемот што денеска го имаат скопјани“, рече премиерот во одговор на новинарски прашања во врска со недостигот на автобуси во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Според Мицкоски, проблемот со автобусите во Скопје на брз рок ќе се реши само со мобилизација во ЈСП со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку градската каса му ги даваат како субвенција на градското претпријатие.