Рускиот парламент во понеделник ја отвора дебатата по однос на законот со кој се предвидува конфискација на имотот на сите кои се противат на војната со Украина. Претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин соопшти дека следната недела ќе биде претставен закон за конфискација на имотот на непријателите на руската држава.
Новиот закон ќе дозволи конфискација на „пари, вредни предмети и друг имот што се користи или наменет за финансирање криминални активности насочени против безбедноста на Руската Федерација.
Според властите во земјата неопходно е да се „казнат злосторниците кои фрлаат нечистотија врз Русија, војниците и офицерите кои учествуваат во специјалната воена операција, напиша спикерот на Думата на Телеграм, користејќи го преферираниот термин на Кремљ за инвазија врз Украина што почна во февруари 2022 година.











