Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камбовски: Пред избори нема да се бираат или разрешуваат судии, одлуката ќе се носи на наредната седница на Судски

/

пред 416 дена

Сподели преку :

Дали Судски целосно ќе ги стави на пауза постапките за избор и разрешување на судии до крај на изборите, или пак ќе продолжат до некоја од фазите, членовите ќе одлучуваат на првата наредна седница, но според претседателот на советот, Александар Камбовски извесно е дека избор или разрешување на судии во предизборието нема да има

Внимаваме да не се доведе под сомнение нашата работа или не дај Боже да нѐ поврзат со некои политички случувања кои што се во моментот, зошто, како што знаете избори се и голема е опасноста некоја наша одлука да се толкува на тој начин.

Мислам дека на сите ни е „чисто“ дека избори и разрешување на судии нема да има, но секако  ќе донесеме одлука за тоа на седница

Најверојатно по локалните избори ќе се бира и уставен судија откако Управниот суд го поништи изборот на Елизабета Дуковска. Во меѓувреме од судски најавуваат дека перидов ќе работат на правилникот со кој ќе треба да се утврди јасна процедура по која ќе предложат кандидат до Собранието.

Знаете претходното наше номинирање како заврши, испадна дека има повредено некоја процедура, иако кај нас нема предвидено никаква процедура. Затоа сакаме да предвидиме процедура и да им биде јасно на сите судии кои се условите, кои се критериумите и воопшто да нема простор за сомнеж, рече камбовски.

Камбовски најави дека во периодот на изборите можно е да работат и на измени на правилникот за оценување на судиите, за кој има многу често реакции од судиите по изборите.

Денеска во  Судскиот свечена изјава дадоа шестмина граѓански судии кои уште во мај беа унапредени во Скопска Апелација, Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.

Седнувањето во повиокиот суд се одложи поради приговорите на тројца незадоволни судии, кои Врховниот суд ги одби.  Еден од нив беше судијата Андреј Димовски кој приговараше затоа што Судскиот совет не го оценил за 2019 година кога бил упатен на работа во судот во Стразбур, а токму оценката влијае на рангирањето на судиите за унапредување во повисок суд.

Судијата Илир Исени кој беше трето рангиран, според дикусијата во Судски, не беше унапреден затоа што е заменик директор во Академијата за судии и јавни обвинители. Тој на 6-ти август поднел тужба во Управниот суд. Претходно поднел претставка и до Комисијата за заштита од дискриминација.

Судииите денеска не дадоа изјава пред камерата. Зад неа рекоа дека имаат судиски стаж по деценија и половина, а некои и повеќе и нивната работа говори за нив. Сопругата на претседателот на Уставен, Сиљаноска Костадиновска, рече и дека во медиумите било истакнато нејзиното презиме наместо долгогодишното искуство.

Елена Ивановска Мукоска