Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во рок од 12 часа најмалку 1.500 загинати, многу луѓе се заробени во урнатините, регистрирани 100 последователни потреси

/

пред 1353 дена

Сподели преку :

Најмалку 1.500 луѓе загинаа во земјотресите во Турција и во Сирија во рок од 12 часа. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, а операциите за пребарување и спасување се во тек низ целиот регион.

Официјалните податоци од Турција велат дека таму загинале 1.014 лица, биле повредени 5.383 лица, а се урнале 2.818 згради. Сириското Министерство за здравство соопшти дека загинале повеќе од 326 лица, а 1.042 се повредени. Дополнително на тие бројки, спасувачката служба „Бели шлемови“ во северозападна Сирија во областите контролирани од невладината соопшти дека бројот на загинати е 221, со што вкупниот број на потврдени смртни случаи достигна 1.561.

Повеќе од 10 тимови за пребарување и спасување од Европската унија се мобилизирани по големиот земјотрес што ја погоди Турција, изјави портпаролот на Европската комисија. САД, Велика Британија, Израел, Русија и Кина се меѓу другите нации кои јавно се понудија да помогнат.

Првиот земјотрес се случил додека луѓето спиеле, а бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што е еден од најсилните земјотреси во регионот во најмалку еден век. Се почувствува дури до Кипар и Каиро. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека прелиминарните податоци покажуваат дека вториот силен земјотрес бил со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала и бил на 67 километри североисточно од Кахраманмараш, Турција, на длабочина од 2 километри. Сеизмолозите регистрираа повеќе од 100 помали последователни потреси.