Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Русија се урна воен транспортен авион

/

пред 955 дена

Сподели преку :

Руското министерство за одбрана соопшти дека се урнал воен транспортен авион со 15 луѓе. Инцидентот се случил на редовен лет во рускиот град Иваново на 250 километри од Москва. Според соопштението, моторот се запалил за време на полетувањето. Очевидци тврдат дека авионот почнал да гори додека бил во воздух.

„Околу 13 часот по московско време, за време на полетувањето, се урна воено-транспортниот авион Ил-76 во Иваново. Во него имало осум членови на екипажот и седум патници. Според првите информации, причина за катастрофата е пожар на еден од моторите“, напишаа од Министерството.

Според информациите на руските медиуми загинале 12 лица, но се уште нема официјална потврда за бројот на загинати.