Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Скопје ќе се оддржи најголемиот технолошки настан за вештачка интелигенција во Југоисточна Европа

/

пред 732 дена

Сподели преку :

Скопје на 3 ти и 4 ти октомври, повторно ќе биде домаќин на најголемиот технолошки настан „AI Tech Summit“ на професионалци и ентузијасти за вештачка интелигенција во Југоисточна Европа.

Технолошкиот самит ќе опфати бројка од  700 учесници од цел регион, кои ќе имаат можност одблизу да слушнат експерти и иноватори од светските гиганти како Microsoft, NVIDIA, Google, UBS, Ericsson, Amazon и KPMG, но исто така и да ги разменат своите искуства.

„AI Tech Summit“ повторно ќе ги насочи погледите кон иднината за тоа како вештачката интелигенција ќе го обликува нашиот свет, како технолошки така и општествено.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во технологијата вештачката интелигенција и нејзина апликативна примена во различни индустрии ИТ, финансии, телекомуникации, здравство, забава, гејминг, производство и др.

Самитот служи како вонренда и корисна платформа за интерактивно вмрежување, можност за соработка и регионално поврзување во екосистемот за вештачка интелигенција.

Настанот е организиран од страна на чешката компанија TBM Group во соработка со М6 Едукативниот центар.