Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Собранието изгласана Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година

/

пред 728 дена

Сподели преку :

Стратегијата до 2050 година чие изготвување минатата недела го најави премиерот Христијан Мицкоски, е посебен, сосема различен документ од Националната развојна стратегија (НРС) за периодот 2024 – 2044 година, рече попладнево заменик-министерот за животна средина Ане Лашкоска.

Лашкоска, која пред пратениците во рамки на 17. собраниска седница ја образложи НРС, ги повика пратениците од СДСМ да учествуваат во изготвувањето на стратегијата што ја најави Мицкоски, откако Димитар Ковачевски праша дали е тоа само шестгодишно продолжение на НРС или нешто друго.

„Пред неколку дена Мицкоски најави стратегија до 2050 година, а ние денес, 120 пратеници, се согласуваме за развојна стратгегија во која учествуваа сите. Имаме повик до, условно кажано, опозицијата, да учествува во изготвување на стратегија до 2050 гоидна. Дали се тоа дополнителни шест години?“, праша Ковачевски кој претходно даде целосна поддршка на НРС.

На тоа Лашковска реплицираше, изразувајќи жалење што Ковачевски се обидува да го злоупотреби, како што рече, повикот на премиерот.

„Жал ми е што се обидувате да го злоупотребите повикот на Мицкоски, односно да го однесете во друга насока. Станува збор за сосема различен документ. Ве повикуваме да учествуавте во неговото изготувуање. Стратегијата ќе се однесува на сосема други приоритети кои не ги опфаќа НРС и кои вие како влада ги прескокнавте. Ќе направиме максимални напори да се донесе со консензус за националните прашања и за надворешната политкка, а ќе ги консултираме најдобрите умови во државава за да го трасираме патот по кој ќе се движиме во наредните години. Се надевам дека ќе учествуавте во градењето на националниот консензус и во градењето на нашата надворешна политика“, истакна Лашковска.

Ковачевски кусо одговори дека само прашал.

„Дадовте одговор кој ќе треба да се преслуша уште два пати за да се дојде до суштината што ќе се прави наредните години. Ова е целосно инклузивна стратегија и се надевам дека предложената од Мицкоски ќе биде целосно инлузивна како оваа“, рече Ковачевски.

Собранието попладнево, со 70 гласови „за“, еден „против“ и ниту еден воздржан, ја донесе Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година.