Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Србија очекуваат задолжителниот воен рок да се спроведува од септември идната година

/

пред 760 дена

Сподели преку :

 Премиерот н Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека идејата задолжителниот воен рок, во траење од 75 дена, да започне во септември 2025 година, односно првата класа војници да биде есента истата година.

Тој додаде дека во овој момент не станува збор само за промена на законот и административно технички мерки, туку ќе следи подготовка на касарни, логистички, медицински центри каде ќе се прегледуваат регрутите.

„Тогаш да го подготвиме целиот процес и обука што ќе биде предизвик за нашите офицери и подофицери, кои за 75 дена ќе ја извршат основната воена обука за новата армија, односно нашите нови регрути“, рече Вучевиќ.