Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во странство моментно се лекуваат 15 повредените од пожарот во Кочани

/

пред 533 дена

Сподели преку :

Повредените од трагедијата во Кочани добиваат постојана нега тврдат здравствените власти. Тие информираат дека тимови од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија секојдневно се во контакт со лекарите од Општата болница во Кочани.

Објаснуваат дека по враќањето на првите пациенти од странство, координацијата меѓу двата тима е засилена, а специјалистите од Скопје неколкупати неделно доаѓаат во Кочани за контрола, тријажа, прегледи и преврски.

Во третманот на пациентите се вклучени и стручни лица по физикална медицина, како и психијатри, со цел обезбедување целосна медицинска и психолошка поддршка. Во текот на целото деноноќие, во болницата во Кочани се присутни хирург и физиотерапевт.

Во странство моментално се лекуваат 15 лица, чиешто здравствено состојба е стабилна.

Во земјава, двајца пациенти го продолжуваат лекувањето на Клиниката за пластична хирургија, додека уште двајца се хоспитализирани во приватната болница „Систина“, и тие се во стабилна состојба.

Надлежните уверуваат дека сите пациенти ја добиваат потребната медицинска нега и третман, во согласност со тежината на повредите и стандардите за лекување.

Во големиот пожар во Кочани на 16-ти март 62 лица ги загубија животите, а околу 200 беа повредени. Повеќе од стотина беа испратени на лекување во странство.