Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Топ Тема д-р Игор Спироски: Македонија е меѓу земји кои има високо ниво на предвремена смртност – дебелината е ризик фактор

/

пред 596 дена

Сподели преку :

Во Македонија секој втор е со вишок килограми, секој трет е дебел човек.

Колку дебелината како болест го чини јавното здравје со оглед дека таа е ризик за повеќе од 200 хронични болести. Постојат ли стратегии и политики за запирање на галопот на болеста која се повеќе се шири кај младите – секое трето дете од 6 до 9 години е со прекумерна телесна тежина.

Во Топ Тема дебата со д-р Танер Хасан од Центар за менаџирање на дебелината, д-р Ирфан Ахмети од Научно здружение за обезност – ОБЕМ, д-р Игор Спироски од Инститит за јавно здравје и д-р Александар Митов специјалист за медицина за здрави навики.

„До пред две години ја немавме ни таа бројка. Сите тие пациенти ги гледавме во нашите амбуланти, меѓутоа не сме обрнале внимание и во нивниот третман сме пишувале дијагноза на пример – кардиоваскуларна болест, хипертензија, дијабетес, меѓутоа за причината не сме обрнувале внимание од што потекнуваат сите тие компликации“ вели д-р Танер Хасан од Центар за менаџирање на дебелината.

Нема точни податоци, затоа и целта на кампањите што се организираат за подигање на свеста не само кај населението туку и кај здравствените работници да имаaт подобра евиденција на сите хронични незаразни болести.

„Треба да бидеме загрижени, статистиките не се плод на моментната ситуација, туку се плод на еден континуиран раст на преваленцата на зголемена телесна тежина и дебелина и кај и децата и кај возрасните. Она што се дополнителни податоци од истражувањата и на Институтот за јавно здравје, а и од глобалните трендови дека Македонија е меѓу земјите кои има високо ниво на предвремена смртност од незаразни болести затоа што дебелината е ризик фактор за незаразни болести и тоа доминантен ризик фактор денеска. Тоа предвремено умирање е здравствено економски индикатор кој ни покажува каде ги губиме луѓето коишто не би требало да ги изгубиме“ рече д-р Игор Спироски од Институтот за јавно здравје.

Д-р Александар Митов, специјалист за медицина за здрави навики посочи дека прекумерната тежина е болест е, но треба да се внимава да не се залепи етикета, и со тоа да и се даде  медицинска димензија на состојбата. Целта е да се разбере дека тука има еден општествен процес кој  е поширок и многу поголем кој го произведува тој момент тоа да „бидеме нација на прагот на обезноста, и ако сам нам лекарите ни го дадат тој проблем не е тоа решението“ додаде д-р Митов.