Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во трагична авионска несреќа во Ахмедабад досега извлечени 270 тела – истрагата продолжува

/

пред 489 дена

Сподели преку :

Лекарите во Индија известија дека 270 тела се извлечени од местото на авионската несреќа која се случи во четвртокот во Ахмедабад.

Авионот што се упати кон Лондон се урна во станбена област кратко по полетувањето, при што загинаа сите освен еден од 242 патници и членови на екипажот, 40-годишен Британец.

Властите се обидуваат да утврдат колку луѓе се убиени на земја и продолжуваат со бавниот процес на споредување на примероците од ДНК за да се потврди идентитетот на жртвите.

По страотната несреќа во чест на загинатите се одржаа низа за церемонии низ Индија и Велика Британија. Околу 100 луѓе се собраа пред Високиот комесаријат на Индија во Лондон каде положија  свеќи во спомен на загинатите во несреќата, а многумина од присутните на побараа одговори за тоа како и зошто можел да се случи инцидентот.

Многу од блиските на загинатите долетаа во Индија со цел да ги идентификуваат останките на своите најблиски. Индиското биро за истрага на авионски несреќи (AAIB) ја води истрагата за причината за несреќата, потпомогната од тимови од САД и Велика Британија.

На местото на несреќата беше пронајдена црна кутија, за која индискиот министер за цивилно воздухопловство, Рам Мохан Наиду Кинџарапу, рече дека „значително ќе помогне во истрагата“ за катастрофата.