Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла

/

пред 661 дена

Сподели преку :

Десетици летови денеска беа одложени во Велика Британија поради густата магла која ја намалува видливоста на само 100 метри во некои делови од земјата, соопштија метеоролозите.

Воведени се привремени ограничувања на воздушниот сообраќај поради маглата што предизвикува слаба видливост. Некои летови може да бидат одложени во текот на денот, изјави портпаролот на лондонскиот аеродром Гетвик.

Од утрово на тој аеродром доцнат 35 летови за полетување и 26 за пристигнување, а откажани се два лета.