Жители кои живеат околу скопско Злокуќани испратија видео-снимки до нашата редакција на кои се гледа како во близина на населбата несовесни граѓани палат гуми и отпад.
Ситуацијата се повторува речиси секојдневно, а чад и непријатна миризба се шири по околните населби.
Смрдеата се шири кон Ѓорче, Бардовци и Карпош четири. Жители кои сакаа да останат анонимни велат дека пријавиле во институциите, но досега никој не рагирал.














