СУТКОЗ и ССМ заедно предупредуваат дека Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска треба да ги спречат сите незаконски активности на в.д. директорот Марјанче Митовски поради што истите може да значат материјална и финансиска штета за јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Вработените се исплашени, бидејќи директорот е осудувано лице за физички напад со нож. Исто така, имал и медицинска дијагноза која дополнително отежнува тој да биде носител на јавна функција.
Поради сите овие причини, од Синдикатот бараат градоначалничката Арсовска да ги прими за да се стават сите аргументи на маса и да се разговара за проблемите на претпријатието.
На вчерашната седница е донесена одлука за право на штрајк, затоа што в.д. директорот Митовски исто така, планирал притисоци врз 40 вработени помеѓу кои има и дел од синдикатот.
На 30 септември тие како извршен одбор на синдикалната организација донеле одлука со која го користат своето право на штрајк како крајна мерка за решавање на проблемот, но тие ќе ги почитуваат сите законските прописи.
Едно од нив е и законот за медијација која ќе трае 10 дена, а после тоа тие повторно ќе се соостанат и ќе одлучат за следните чекори.
Министерството за труд и социјална политика треба да одреди посредник за овој спор. Се надеваат дека кога ќе достават барање ќе им биде поставен медијатор. Сојузот на синдикати на Македонија ќе достави барање за градоначалничката Арсовска за средба каде што ќе ги приложат доказите што ги имаат и ќе побаараат објаснување.
Тамара Марковска











