Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војната во Украина го поскапе лебот во цела Европа, Македонија има најскап леб во регионот

/

пред 1487 дена

Сподели преку :

Цените на лебот во земјите од ЕУ пораснале во просек за 18%, само минатиот месец. Ова е најголемо зголемување кое го објавува Евростат, од почетокот на своето постоење од 2017-та година.

Во споредба со ланскиот август, лебот најмногу поскапел во Унгарија и тоа за дури 66 отсто. Следат Литванија со 33 отсто, а Естонија и Словачка со 32 отсто. Во регионот најголемо поскапување на лебот има Хрватска, за 31 процент во споредба со истиот месец лани, а по слична цена се продава и лебот во Словенија. Најмал скок е забележан во Франција (8%), во Холандија и Луксембург (10%).

Македонија има најскап леб в регионот. Лани ова време се продавал за 25 денари, сега чини над 50 денари. Според податоците за јули, во Македонија лебот чинел 0.81 евро, што е речи си двојно повеќе од Србија каде се продавал за 0,42 евра по векна.

Сето ова е најмногу поради отежнатиот извоз на жито од Украина.