Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонреден надзор по смртта на тригодишното дете од Кавадарци

/

пред 495 дена

Сподели преку :

По смртта на тригодишно дете од Кавадарци, Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат најавија вонредна контрола во Општата болница во Кавадарци и на Клиниката за детски болести во Скопје.

Заменик министерот Јовица Андовски потврди дека инспекцискиот надзор ќе започне денеска.

Родителите на починатото дете бараат одговор дали се работи за лекарска грешка.

Детето било донесено во болница околу 3 часот по полноќ, а смртта била констатирана по пристигнувањето во Скопје во 8:45 часот.

Семејството бара формирање на независна комисија, додека институциите најавија детална проверка и соодветно постапување доколку се утврдат пропусти.