Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонредна состојба во Британска Колумбија поради пожари – 15.000 луѓе се евакуирани, 20.000 чекаат на евакуација

/

пред 1170 дена

Сподели преку :

Во канадската провинција Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба поради пожарите кои доведоа до евакуација на 15.000 луѓе, а 20.000 се подготвени за евакуација. Летовите се откажани на аеродромот Келовна, бидејќи приоритет им е даден на авионите кои се борат со шумски пожари.

Ситуацијата за кратко време рапидно ескалира. Шумскиот пожар во Мек- дугал Крик се прошири на 6.800 хектари за 24 часа. Во еден момент пожарникарите останале заробени од пожарот, бидејќи спасувале луѓе кои не сакале да се евакуираат. Па, властите апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите за евакуација и да не патуваат без посебна потреба.