Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вооружен грабеж во продавница на „Нептун“ во Градски парк

/

пред 693 дена

Сподели преку :

Доцна синоќа се случил вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун лоцирана во Градски парк, јавува ТВ21.

Според информациите, инцидентот се случил во 20 часот и 30 минути кога две вооружени маскирани лица упаднале во објектот и со закана со пиштоли се обиделе да изнудат пари од вработените.

„Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“, им рекле разбојниците на лицата кои ги затекнале во продавницата за бела техника.

За кратко на локацијата пристигнала и полиција, а едно лице е фатено, додека другото успеало да избега.

Драмата со вработените во објектот траела дваесетина минути.