Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воз удри во машина за чистење снег-блокирана железничката станица во Чикаго

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

Скоро 40 патници се повредени, некои од нив потешко. Кога приградски воз во Чикаго удрил во машина за чистење снег кој бил на пругата.

Во четвртокот нешто пред 10:35 часот, воз удрил во опрема за чистење на снег, во близина на станицата Hauard CTA.

Во возот имало 31 патник и седум работници. Возот се удрил со шинско возило кое споро се движело, наведува противпожарната станица.

Триесет и осум луѓе, вклучувајќи и четири деца, префрлени се во болница, а тројца се тешко повредени. Повредите не се опасни по живот, соопштиле од здравствената установа.

Помеѓу тешко повредените е и машиновозачот.

На местото на несреќата упатени се 15 возила од брзата помош.

Националниот комитет за безбедносен сообраќај објави дека го праќа својот тим како би го испитале инцидентот, а железничкиот сообраќај на овој дел е привремено запрен.