Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возач од Куманово запрен со 3,08 промили алкохол

/

пред 224 дена

Сподели преку :

Во 15:30 часот, на локалниот пат Куманово – село Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Б.Ц. (64) од Куманово.

При рутинска сообраќајна контрола, полицијата сопрела патничко возило „Фолксваген Поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц. Алкотестот покажал дека возачот имал 3,08 промили алкохол во крвта.

Б.Ц. е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.