Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возачот кој ја усмрти Фросина до пред половина година бил во притвор

/

пред 630 дена

Сподели преку :

Возачот кој со своето возило леташе по „Партизанска“ и ја усмрти младата Фросина на 30 март минатата година заработил кривична пријава од МВР за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Обвинителството уште истиот ден дало наредба за поведување истражна постапка но осомничениот тогаш неколку дена не бил достапен за органите на прогонот по што на втори април почнал да ја издржува мерката притвор која му била изречена тогаш.

Истрагата за овој случај била завршена за помалку од два месеци и на 21 мај истата година јавниот обвинител поднел обвинителен акт при што било побарано продолжување на мерката притвор, информираат од Обвинителство. Оттаму додаваат дека предлог бил прифатен и на лицето му бил продолжен притворот се до 31 јули кога Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда – решение со кое го огласил за виновен и му изрекол воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом. На 30 септември јавниот обвинител незадоволен од пресудата вложил жалба и предметот се уште е во жалбена постапка.

Жалбата е во однос на воспитната мерка, бидејќи во однос на притворот жалба не е дозволена со оглед на тоа дека  не е изречена казна туку воспитна мерка, се вели во образложението на Обвинителството. Против истото лице до обвинителството била поднесена и друга пријава на први февруари 2023 година за кривично дело поврзано со сообраќајна незгода од ноември 2022 година во која едно лице се здобило со полесни повреди.

Јавниот обвинител спровел постапка и со изјавена согласност на оштетената донел Решение со кое не се презема кривично гонење, а осомничениот тогаш се согласил да постапи по барањата на јавниот обвинител и да уплати паричен износ од 18.000 денари во корист на државниот буџет.