Аерозагадувањето во Скопје и утрово високо. Главниот град се најде на 12-то место на листата најзагадени градови во светот со индекс на загадување 124.
Утрово измерени се 44,7 микрограм на метар кубен ПМ 2,5 честички и 59,4 микрограми ПМ 10 честички.
Воздухот е обележан како нездрав особено за ранливите категории граѓани. Според апликацијата „Ај Кју Еар“ нивото на ПМ 2,5 честичките е девет пати над дозволената граница поставена од СЗО.
Ништо поразлична не беше ситуацијата и при синоќешните мерења покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина според кои загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките покажа нивно двојно и тројно зголемено присуство.
Во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот беше поголема од максимално дозволените вредности.
Од другите градови високи концентрации со ПМ10 честичките во воздухот регистрирани се и во Кавадарци, Кичево, Битола, а високи беа и вредноститре во Струмица, Куманово, Охрид, Гостивар.











