Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возел под дејство на алкохол, направил сообраќајка – кривична пријава против полициски службеник од Битола

/

пред 158 дена

Сподели преку :

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”.

Како што соопшти МВР, на 24 октомври 2025 година околу 17:42 часот, пријавениот, надвор од работно време, на патот Битола – Новаци управувал патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно со 1,51 промили алкохол во крвта.

Притоа, тој предизвикал сообраќајна незгода, а делото е квалификувано согласно член 297-а став 1 од Кривичниот законик.