Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

/

пред 530 дена

Сподели преку :

Дваесет и седумгодишник од ресенскиот регион бил сопрен од полициска контрола при што било утврдено дека управувал возило со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Рано изутрина во 2:18 часот, полициски службеници од ОВР – Ресен го лишија од слобода Д.К. од ресенското село Јанковец. При сообраќајна контрола во село Јанковец, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал, а по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и оти е под дејство на алкохол – односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта, појаснуваат од МВР.

Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.