Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден малолетник загина, еден е тешко повреден – тешка сообраќајна несреќа на влезот на Куманово

/

пред 756 дена

Сподели преку :

Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа на влезот на Куманово, во близина на ресторанот „Центропласт“, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, патничко моторно возио со албански регистарски таблички, кое било управувано од скопјанец, покосило мотор на кој се превезувале двајца малолетници. Возачот на патничкото моторно возило е приведен.

Од МВР за Телма потврдија дека едно од децата загинало, а другото со повреди со возило на итната медицинска помош е однесено во болница. Дел од сведоците кои се затекнале на местото на несреќата раскажале дека возилото кое удрило во моторот се движело со огромна брзина и претекнувало недозволено.