Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возниот парк во Македонија стар речиси 20 години – на еден нов автомобил доаѓаат 3,5 половни, доминација на „дизелашите“

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Возниот парк во земјава постојано старее, а просечната старост на автомобилите достигна повеќе од 19 години. Над 87% од возилата се постари од 10 години, додека само 1,8% се нови, до две години. На патиштата сè повеќе се возат стари автомобили кои не ги исполнуваат најновите еколошки стандарди.

Во последните 10 години бројот на регистрирани возила се дуплирал, од 350.000 во 2012 година на речиси 700.000 во 2024 година, а секое трето возило е регистрирано во Скопје. Ова го покажува анализата на МИА на податоците од Царинската управа и Државниот завод за статистика.

Според неа, во земјава доминираат дизел возилата со удел од 63%, бензинците паѓаат на 26%, а електричните и хибридните возила се сè уште мал сегмент – само 1% од возниот парк, иако минатата година забележале поголем раст.

Во 2024 година на патиштата биле регистрирани 1.507 електрични и 5.078 хибридни автомобили. Увозот на половни автомобили доминира со над 80% во последната деценија, а годинава на еден нов автомобил доаѓаат 3,5 половни.